ПРВ.мк
Македонија

ИНФРАСТРУКТУРНИ АКТИВНОСТИ: Комплетно реконструиран крак од улицата „Шишка“ во Кавадарци

ИНФРАСТРУКТУРНИ АКТИВНОСТИ: Комплетно реконструиран крак од улицата „Шишка“ во Кавадарци

Општина Кавадарци продолжува со реализација на планот за подобрување на патната инфраструктура низ градот. Изминатиот период целосно се реконструираше нов крак од фреквентната улица „Шишка“, со што граѓаните од овој дел на градот добиваат современи и безбедни услови за движење.

Градежните активности опфатија вкупна површина од 1.000 метри квадратни. Во рамките на оваа темелна реконструкција на терен се извршија следните фази:

  • Целосно вадење и гребење на стариот и дотраен асфалт,
  • Поставување на нов тампонски слој и рамнење на подлогата,
  • Изведба на соодветна атмосферска канализација за непречено одведување на водите,
  • Поставување на комплетно нов и квалитетен асфалтен слој.

Со реализацијата на овој проект, локалната самоуправа решава уште еден долгогодишен проблем на жителите, унапредувајќи ја безбедноста во сообраќајот и подигнувајќи го квалитетот на урбаното живеење во Кавадарци. Градежната офанзива за уредување на улиците низ општината продолжува со засилено темпо.