ПРВ.мк
Македонија

Во Македонија има доволно нафта - Владата ќе реагира ако цените нагло скокнат!

Во Македонија има доволно нафта - Владата ќе реагира ако цените нагло скокнат!
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека во земјава има доволно нафта и нафтени деривати, уверувајќи дека граѓаните не треба да се грижат за снабдувањето. Тој нагласи дека Владата е подготвена веднаш да реагира доколку дојде до нагло поскапување на горивата.

Изјавата ја даде по настанот за поставување камен-темелник на новиот кампус на Универзитет „Мајка Тереза“. Премиерот истакна дека Владата имала средба со поголемите дистрибутери на нафта и дека заедничкиот заклучок бил дека резервите се стабилни и доволни.

Според него, цената на горивата во Македонија во моментов е значително пониска од онаа во соседните земји. Како пример наведе дека во Србија цената на литар гориво е околу 120 денари, додека кај нас е околу 70 денари.

Мицкоски посочи дека ако дојде до сериозно поскапување на светските пазари, Владата може да интервенира преку намалување на акцизата или на ДДВ, со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Тој додаде дека државните резерви на нафта и нафтени деривати моментално покриваат повеќе од 62 дена од вкупната потрошувачка, што според него е на високо ниво.

Премиерот потврди и дека инспекциските служби се на терен по информациите дека на некои бензински пумпи наводно се ограничува точењето гориво по 22 часот. Доколку се утврдат неправилности, најави дека ќе следуваат санкции согласно закон.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo