Најубавите животни приказни започнуваат со чувство на сигурност, а токму тоа е една од главните цели на Центарот за Мајка и бебе при Клиника Жан Митрев – на идните мајки да им обезбеди грижа, поддршка и услови во кои со мир и доверба ќе го дочекаат најважниот ден.
Во моментов, Клиника Жан Митрев нуди специјални промотивни цени за породување, со значително намалување на редовните цени.
Цената за спонтано породување е намалена од 110.000 на 90.000 денари, додека пакетот за породување со царски рез, наместо 150.000 денари, изнесува 110.000 денари.
Покрај промотивните цени, идните мајки добиваат и дополнителни погодности. Со уплата на аванс од 12.000 денари, во пакетот се вклучени микробиолошки брисеви, предпородилни анализи, CTG и ехо прегледи по 36. гестациска недела, без дополнителни трошоци.
За семејствата кои сакаат поголема финансиска флексибилност, овозможено е и плаќање на рати до 48 месеци со 0% камата, преку наменски кредит од УНИ Банка.
Дополнително, Клиника Жан Митрев соработува и со приватни здравствени осигурувања, со што пациентите можат да ги искористат можностите што ги нуди нивното осигурително покритие.
Промотивната понуда важи за сите породувања до 1 октомври, но и за идните мајки кои ќе уплатат аванс до овој датум, без разлика кога е планираниот термин за породување.
Во Центарот за Мајка и бебе при Клиника Жан Митрев, фокусот е ставен на безбедноста, стручната медицинска грижа и комфорот на мајката и новороденчето, со цел едно од најважните животни искуства да помине во атмосфера на доверба и сигурност.
За повеќе информации и закажување, заинтересираните можат да се јават на 02 3091 484.









