Од вечерва на полноќ возачите ќе плаќаат поевтини горива. Според Регулаторната комисија за енергетика, цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар и ќе изнесува 73 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе се продава за 75 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛот се намалува за 0,5 денари и ќе чини 68 денари по литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава по 67,5 денари. Единствено цената на мазутот останува иста – 36,7 денари за килограм.