ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТРИ ГРАДА: Уапсени шест лица, меѓу осомничените и цариници

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ТРИ ГРАДА: Уапсени шест лица, меѓу осомничените и цариници

Во тек е голема полициска акција на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија, насочена кон криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи.

Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, додека по уште неколкумина се трага. Меѓу осомничените, според објавените информации, има и лица вработени во Царинската управа.

Полициски претреси се вршат на повеќе од десет локации. Во Скопје и Тетово, при претрес на простории на правен субјект, бил пронајден магацин со различни медицински лекови, како и машина за екстракција на масло.

Акцијата ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР, а се постапува по сомненија за повеќе кривични дела, меѓу кои криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп и перење пари.

Повеќе детали за акцијата и за бројот на осомничени се очекуваат по нејзиното завршување.