ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Откриена нелегална плантажа, запленети околу 680 килограми марихуана (ВИДЕО)

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Откриена нелегална плантажа, запленети околу 680 килограми марихуана (ВИДЕО)

Струмичката полиција реализираше акција во подбеласичкиот регион, при што била откриена нелегална плантажа со марихуана и биле запленети околу 680 килограми дрога.

Според првичните информации, во рамки на полициската акција биле приведени две лица, кои се изведени пред јавен обвинител.

Од СВР Струмица ја потврдиле акцијата и количината на запленета марихуана, а повеќе информации за случајот, начинот на кој била откриена плантажата и останатите детали од истрагата се очекува да бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Видео: