Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, најави голема двојна победа на партијата и коалицијата уште во првиот круг на локалните избори.
„Ова е победа на делата, на чесноста и на вистинските луѓе. Прилепчани ја препознаа вистинската работа и вистинскиот човек. Ова не е само победа, туку порака дека заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, изјави Проданоски.
Тој се заблагодари на граѓаните за довербата и нагласи дека ќе продолжи со уште поголема сила, верба и одговорност во реализација на започнатите проекти.
„Да живее Прилеп! Да живее Македонија!“, порача Проданоски.