Во општина Чучер Сандево сè уште беснее пожар меѓу селата Блаце и Чучер. Според Центарот за управување со кризи, еден крак од огнената стихија е ставен под контрола, но друг продолжува да се шири кон непристапен ридски предел.
Од утрово во акцијата се вклучени два полициски и еден армиски хеликоптер, како и возила на Дирекцијата за заштита и спасување. На терен се и пожарникари од скопската Бригада за противпожарна заштита.
Како можни причини за пожарот се наведуваат фрлен отпушок од возило или намерно потпалување. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, апелираше до граѓаните да не фрлаат отпушоци и да се однесуваат совесно за да се спречат вакви катастрофи.
Ask ChatGPT