ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) Загреб го тресеше небото: Хеликоптери и борбени авиони надлетуваа војна проба за „Олуја“

(ФОТО) Загреб го тресеше небото: Хеликоптери и борбени авиони надлетуваа војна проба за „Олуја“
Escape

Во Загреб, како дел од подготовките за големиот воен парад што ќе се одржи на 31 јули по повод 30-годишнината од воено-полициската операција „Олуја“, беше одржана спектакуларна летачка проба.

Над Вуковарска улица, во правец исток-запад, летачките сили на Хрватското воено воздухопловство и МВР ја извеле пробата во реално време – токму кога е планиран и настапот за време на самата парада, со почеток во 17:40 часот.

Граѓаните имаа можност да сведочат на импресивни сцени: најпрвин низ небото минале хеликоптерите Kiowa Warrior и Black Hawk, а се појавиле и старите руски Mi-171. Според очевидци, летале и MUP-овите хеликоптери Subaru Bell 412EPX.

Покрај нив, биле видени и еден Air Tractor и еден Canadair CL-415, како и авион Pilatus PC-9. Финалето на пробата го обележа нискиот лет на три моќни Rafale авиони, кои со силна грмотевица го затворија демонстративниот прелет над главниот град.

Пробата претставува вовед во најавениот воен спектакл кој ќе го обележи одбележувањето на една од најзначајните операции во поновата хрватска историја.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo