ПРВ.мк
Свет

Зеленски се предомислува: Киев подготвува повлекување

Зеленски се предомислува: Киев подготвува повлекување
Escape

Украина ќе го промени спорниот закон со кој се укинуваше независноста на антикорупциските институции, откако истиот предизвика сериозно незадоволство кај западните сојузници и протести во земјата, соопшти министерот за надворешни работи во пресрет на гласањето во парламентот.

Законот усвоен на 22 јули, кој потоа го потпиша претседателот Володимир Зеленски, предвидуваше Националната антикорупциска агенција (НАБУ) и Специјалното антикорупциско обвинителство (САПО) да бидат ставени под надлежност на главниот државен обвинител, кој го именува самиот претседател.

Но, по остри реакции од граѓанскиот сектор и Европската унија, Зеленски предложи нов предлог-закон со кој повторно се враќа независноста на овие две институции. За новиот предлог ќе се гласа во четврток во украинскиот парламент – Врховната рада.

„Во моментов работиме на поправки. Украина има силно граѓанско општество и активна младина. Ги кажаа своите ставови, а украинските власти ги слушнаа и нив, и гласовите на нашите партнери“, изјави шефот на дипломатијата Андреј Сибиха.

Тој оцени дека овие измени се неопходни за да се заштитат антикорупциските институции од политички игри, особено од оние со руска позадина.

„Мораше да се најде рамнотежа меѓу безбедносните ризици и реформите – и тоа е направено“, додаде Сибиха.

И покрај силниот дожд, стотици граѓани излегоа на протест во средата вечерта во Киев, изразувајќи незадоволство од обидот НАБУ и САПО да бидат ставени под ефективна контрола на државата.

Mia Home Mavrovo