ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ВЕЛЕС: Огнената стихија се доближува до куќи, екипите на терен!

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ВЕЛЕС: Огнената стихија се доближува до куќи, екипите на терен!

Во околината на Велес денеска избувна голем пожар кој за кратко време зафатил поголема површина, соопштуваат локални извори.

Според првичните информации, огнот се движи кон населени места и постои ризик да бидат загрозени и неколку куќи. На терен се ангажирани противпожарни екипи кои интензивно работат на негово локализирање и спречување на понатамошно ширење.

Засега нема потврдени информации за повредени лица, ниту за причините што довеле до избувнување на пожарот.

Надлежните служби упатуваат апел до граѓаните да не се приближуваат кон зафатеното подрачје и строго да ги почитуваат насоките од екипите што интервенираат.

Ситуацијата останува динамична, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.