ПРВ.мк
Македонија

Го славиме Свети Никита – храбриот маченик што не го победи оганот

Го славиме Свети Никита – храбриот маченик што не го победи оганот

Црквата денес се сеќава на Светиот маченик Никита, роден меѓу Готите и ученик на светиот епископ Теофил Готски, учесник на Првиот Вселенски собор. Кога започнало жестокото гонење на христијаните од страна на кнезот Атанарик, Никита храбро ја исповедал својата вера и му се спротивставил на тиранијата.

И покрај страшните маки, Никита не се откажал од Христос, туку уште посилно се молел и се надеваше на Божјата помош. Под облеката носел икона на Пресвета Богородица со Младенецот Христос, која му била утеха во страдањата. Кога бил фрлен во оган, неговото тело останало неповредено од пламенот – чудо кое сведочи за неговата светост.

По неговото маченичко упокојување во 372 година, неговиот пријател Маријан ги пренел моштите во Киликија и изградил црква во негова чест, каде започнале да се пројавуваат бројни чуда. Денес, Свети Никита е пример на непоколеблива вера, жртва и љубов кон Христос.

Escape