ПРВ.мк
Наука/Технологија

Фајзер под оган: Жени во САД тврдат дека контрацептивната инјекција им предизвикала тумори на мозокот – поднесени илјадници тужби

Фајзер под оган: Жени во САД тврдат дека контрацептивната инјекција им предизвикала тумори на мозокот – поднесени илјадници тужби

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ се најде во центарот на голем скандал во Америка, откако стотици жени тврдат дека контрацептивната инјекција „Депо-Провера“ им предизвикала сериозни здравствени проблеми – тумори на мозокот. Бројот на тужби расте експлозивно и веќе надмина 1.300, а според адвокатите може да достигне и до 10.000. Потенцијалната вредност на случајот се проценува на неколку милијарди долари.

Тужителите обвинуваат дека „Фајзер“ свесно не ги предупредил жените за ризиците, иако студиите покажале дека долготрајната употреба на лекот може да предизвика менингиоми – тумори кои иако бенигни, предизвикуваат опасни компликации како губење на вид, слух или напади.

Од компанијата тврдат дека сакале да вклучат предупредување на пакувањето, но дека американската FDA не дозволила. Сепак, критичарите прашуваат дали „Фајзер“ навистина ја презентирал целата вистина пред регулаторите.

Оваа правна битка може да стане една од најголемите против фармацевтска компанија во историјата на САД, а исходот би можел да има огромни последици и за акционерите и за милиони жени кои користат хормонска контрацепција ширум светот.

Escape