ПРВ.мк
Македонија

Global HR Vision 2026 во Скопје ја носи Надина Тирополис – лидерството на иднината доаѓа на голема сцена

Global HR Vision 2026 во Скопје ја носи Надина Тирополис – лидерството на иднината доаѓа на голема сцена

Global HR Vision 2026 продолжува да го гради списокот на звучни имиња, а како втор потврден говорник на настанот е најавена Надина Тирополис – експерт за регенеративно лидерство и HR трансформација. Нејзиното доаѓање во Скопје отвора важна тема за компаниите кои денес се соочуваат со брзи промени, неизвесност и сè поголем притисок за одржлив раст.

Со повеќе од 15 години искуство во меѓународниот бизнис, Тирополис има работено со глобално познати брендови како Gucci, adidas и Sephora. Токму тоа искуство ѝ овозможило одблиску да ги согледа предизвиците со кои се соочуваат големите организации, но и ограничувањата на класичните модели на управување и перформанс.

Денес, како основач на Dara Impact, таа ја промовира идејата за регенеративно лидерство – пристап што оди подалеку од краткорочните резултати и се насочува кон создавање здрави, отпорни и доверливи работни средини. Наместо исцрпување на вработените и работење под постојан притисок, нејзината методологија става акцент на развој на системи што поттикнуваат долгорочна стабилност, усогласеност на вредностите и психолошка безбедност.

Нејзиното учество на Global HR Vision 2026, што ќе се одржи на 23 април во Скопје, се смета за значајна можност за HR професионалците, менаџерите и бизнис лидерите кои бараат современи и применливи решенија. Наместо само теоретски пристап, Тирополис носи конкретни насоки за тоа како довербата, целта и високите резултати можат да станат дел од ист, одржлив организациски модел.

Најнови вести