ПРВ.мк
Свет

„ЗБОРУВАМЕ ЗА ИДНИНАТА НА СВЕТОТ, А ТРАМП СЕ СМЕЕ И СЕ РУГА“: Макрон се огласи по забелешките на американскиот претседател!

„ЗБОРУВАМЕ ЗА ИДНИНАТА НА СВЕТОТ, А ТРАМП СЕ СМЕЕ И СЕ РУГА“: Макрон се огласи по забелешките на американскиот претседател!

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ги отфрли коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп за неговиот брачен живот, истакнувајќи дека тие „не заслужуваат одговор“.

На прашање од новинарите за Трамповата изјава дека „сопругата на Макрон се однесува лошо кон него“ и дека „Макрон едвај се опоравил од удар во вилицата“, францускиот претседател рече дека овие коментари „ни не се елегантни, ни примерени“, пренесува телевизијата BFM.

Претседателката на францускиот парламент, Жаел Брон-Пиве, ги оцени Трамповите коментари како непримерни:

  • „Во моментот разговараме за иднината на светот. Точно во Иран се случува нешто што има последици за животите на милиони луѓе, луѓето умираат на бојното поле, а имаме претседател кој се смее и им се руга на другите“, рече таа.

Пратеникот од левичарската партија „Непокорена Франција“, Мануел Бомпар, исто така ги осуди Трамповите забелешки:

  • „Свесни сте за моите несогласувања со претседателот (Макрон), но тоа што Доналд Трамп така зборува за него и неговата сопруга, за мене е апсолутно неприфатливо“, рече Бомпар.

Трамп: Макрона го злоупотребува сопругата

Трамп за време на обраќањето кон нацијата во среда навечер изјави дека Макрон одбил да испрати француски бродови како помош на САД за отворање на Ормускиот теснец во Персискиот залив, и дека Макрон „го злоупотребува сопругата“.

  • „Неговата жена се однесува многу лошо кон него, едвај се опорави од десниот удар што го доби во вилицата“, рече Трамп.

Американскиот претседател додаде дека за време на телефонскиот разговор со Макрон побарал помош од Франција за заземање на Ормускиот теснец, кој Иран го блокирал за поморски сообраќај.

Според Трамп, Макрон одбил и му рекол дека Франција може да испрати бродови „кога ќе заврши војната“.

Трамп посочи дека не го прифатил ова одбивање со благонаклонетост, и му одговорил: „Не, не, не ми требаат кога ќе заврши војната, Емануеле“.

Макрон вчера повтори дека Франција „не била консултирана“ за започнување на војна од страна на САД и Израел против Иран, и дека „не учествува“ во тоа.