ПРВ.мк
Македонија

НОВИ ЗАКАНИ ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Приведен маж по закани кон партнерката!

НОВИ ЗАКАНИ ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Приведен маж по закани кон партнерката!

На 1 април во 19:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Д. (31) од Тетово, по пријава на неговата 36-годишна невенчана сопруга.

Според пријавата, А.Д. ѝ се заканувал на жената и барал да му купи стан и автомобил, заканувајќи ѝ се со убиство доколку не ги исполни неговите барања.

Полицијата информира дека лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести