На празникот посветен на светата преподобна маченичка Параскева-Петка Римјанка, во Велес беше свечено одбележан празникот во соборниот храм посветен на оваа светителка.

По тој повод, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот на преподобната Петка во градот, на која присуствуваа бројни верници за заеднички да се помолат и да го прослават празникот.
















