ПРВ.мк
Македонија

ЛЕТОТО ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНА! Македонија денеска со најдолг ден во годината

ЛЕТОТО ОФИЦИЈАЛНО ПОЧНА! Македонија денеска со најдолг ден во годината

Летото и официјално започна денеска, означувајќи го астрономскиот почеток на најтоплата сезона во годината на северната хемисфера.

Точниот момент на започнување на летото е забележан во 10 часот и 24 минути, кога на јужната полутопка истовремено започнува зимата. Овој ден е познат како летен солстициј, односно ден со најдолга светлина и најкратка ноќ во текот на годината.

Во Македонија, денеска се забележува еден од најдолгите денови во годината. Сонцето изгреа во 04 часот и 58 минути, а зајде во 20 часот и 13 минути, што значи дека денот трае околу 15 часа и 14 минути.

Со тоа, граѓаните денеска имаат продолжен период на дневна светлина, што е карактеристично за летниот солстициј.

Според астрономските пресметки, летото ќе трае до 23 септември во 02 часот и 05 минути, кога официјално ќе започне есента.

Првиот летен ден најчесто носи стабилно и сончево време, а во одредени делови од земјата температурите може да достигнат и до околу 35 степени Целзиусови, најавувајќи топол и сушен летен период.