ПРВ.мк
Македонија

МАРКЕТИТЕ ПОД ЛУПА: Следуваат драстични казни за маркетите што ги мамат граѓаните

МАРКЕТИТЕ ПОД ЛУПА: Следуваат драстични казни за маркетите што ги мамат граѓаните

Премиерот  Мицкоски најави нова средба со претставниците на маркетите, дистрибутерите и компаниите на почетокот од следната недела, со цел да се разгледаат состојбите на пазарот и движењето на цените.

Тој откри дека Владата подготвува законски измени со кои санкциите за фирмите што применуваат нефер трговски практики ќе бидат значително зголемени. Според најавите, казните би можеле да бидат и до 10 пати повисоки од сегашните.

Мицкоски ги повика производителите, добавувачите и дистрибутерите да ги пријавуваат сите случаи на неправилности и нефер однесување од страна на трговците. Истовремено, најави засилени инспекциски контроли на терен со цел побрзо откривање и санкционирање на ваквите појави.

Премиерот посочи дека дел од проблемите се поврзани со наплата на таканаречени „ројалити“ надоместоци преку посреднички компании, практика која дополнително го оптоварува пазарот.

Осврнувајќи се на економските показатели, Мицкоски изјави дека Македонија во моментов има една од најниските стапки на инфлација во регионот. Тој очекува, по стабилизирањето на состојбите и разговорите со стопанските субјекти, инфлацијата да се намали и да падне под 4 проценти во наредниот период.