ПРВ.мк
Македонија

Европа го брише македонскиот идентитет – Мицкоски алармира за „талибански методи“ во Брисел

Европа го брише македонскиот идентитет – Мицкоски алармира за „талибански методи“ во Брисел
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски жестоко реагираше на наводите дека Европскиот парламент планира да ги избрише термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за напредокот на Македонија. На прес-конференција од Владата, тој го опиша потегот како „талибански начин“ на делување против националниот идентитет.

Повод за неговата реакција беа објавите од бугарските медиуми, особено агенцијата БГНЕС, според кои трите најмоќни политички групации во ЕП – Европската народна партија (ЕНП), Прогресивниот сојуз на социјалисти и демократи (С&Д) и групата Обнова – се согласиле контроверзните термини да бидат отстранети од нацрт-извештајот, што ќе се гласа на 8 јули во Европскиот парламент. Потврдата пристигна и од бугарскиот европратеник Андреј Ковачев преку неговата објава на Фејсбук.

Мицкоски обвини дека токму домашните политички актери – Бујар Османи, Димитар Ковачевски и Бојан Маричиќ – се виновни за ваквата состојба. Според него, годините на политички „егзибиции“ ја довеле земјата до ситуација каде што, како што рече, „во 21 век народот доживува бришење на сопствениот идентитет“.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ со месеци предупредувала дека се подготвува „идентитетски инженеринг“, а овој чекор од ЕП само го потврдува тоа. Особено го нагласи фактот дека и самото присуство на термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ во еден претходен документ од Комитетот за надворешни работи на ЕП било историско, бидејќи за првпат се појавиле во институцијата на европската демократија – Брисел.

Премиерот заврши со остра критика до сите што, како што рече, во минатото манипулирале со јавноста дека промената на Уставот и внесувањето на Бугарите ќе ги реши сите пречки кон ЕУ.

„Треба сега да излезат и да им се извинат на граѓаните. Не само на македонските, туку и на сите добронамерници кои беа излажани. Или не ја говореа вистината, или појма немаа од политика“, рече Мицкоски со остар тон.

Mia Home Mavrovo