ЕВН Македонија соопшти дека постапката за набавка на електрични броила била спроведена согласно законските процедури и однапред утврдените технички критериуми.
Од компанијата посочуваат дека при постапката биле проверени техничката и професионалната способност на понудувачите, исполнувањето на барањата од техничката спецификација, како и евентуалното постоење причини за нивно исклучување.
Според ЕВН, изборот на понудувачот бил направен исклучиво врз основа на спроведената постапка и исполнувањето на предвидените критериуми и барања.
Набавката на новите броила е дел од поширокиот инвестициски циклус за модернизација на електродистрибутивната мрежа. Во рамки на процесот се спроведуваат и активности за далечинско управување со трафостаниците и унапредување на софтверските решенија за управување.
Од ЕВН нагласуваат дека замената на електричните броила е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија, кој се спроведува веќе неколку години и ќе продолжи и во следниот период.







