Македонија влегува во серија на нестабилни денови – по рекордните горештини, следува нагло освежување и потенцијално невреме.
Во вторник не очекува исклучително топло време, со температури кои локално ќе надминат 40°C. Попладне се можни локални поројни дождови и грмежи, особено во внатрешноста. Ќе дува умерен до засилен ветер, претежно од југозапад.
Но, вистинската промена пристигнува од среда, а особено во четврток, кога ќе навлезе посвежа воздушна маса од север. Температурите значително ќе опаднат, а засилен северен ветер ќе донесе и дожд, претежно во северните делови на земјата.
☀️🔥 Од лето на максимум до брзо заладување – бидете подготвени!