Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе одлука за целосна забрана на риболовот на Дојранското Езеро во периодот од 10 април до 10 мај 2026 година.
Во наведениот период нема да биде дозволен никаков рекреативен риболов, а надлежните апелираат сите риболовци доследно да ја почитуваат мерката.
Од Македонската риболовна федерација информираат дека забраната ќе се спроведува под засилена контрола, а на терен ќе бидат ангажирани и Државниот инспекторат за земјоделство и државната риболовна контрола.
Со оваа одлука, во наредниот еден месец риболовот на Дојранското Езеро целосно се стопира, а секое непочитување на забраната ќе биде предмет на контрола од надлежните служби.









