ПРВ.мк
Свет

Нетанјаху испрати јасна порака – најави продолжување на нападите врз Хезболах

Нетанјаху испрати јасна порака – најави продолжување на нападите врз Хезболах

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах, нагласувајќи дека акциите ќе се спроведуваат „каде што е потребно“, и покрај договорот за прекин на огнот со САД.

Тој потенцираше дека безбедноста на израелските граѓани останува приоритет, особено за жителите на северниот дел од земјата. Според него, секој напад врз цивили ќе биде одговорен со конкретни воени мерки.

Од израелска страна беше појаснето дека прекинот на огнот не се однесува на ситуацијата во Либан, што значи дека операциите против Хезболах може да продолжат. Од друга страна, Иран реагираше дека ваквите напади претставуваат сериозно прекршување на договорот.

Изјавата на Нетанјаху доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, при што останува неизвесно како ќе се развива ситуацијата во наредниот период.