ПРВ.мк
Македонија

Фатена со 11 златни монети во чанта-еве ги деталите

Фатена со 11 златни монети во чанта-еве ги деталите
Kristal

На граничниот премин Богородица, царинските службеници спречија обид за криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и вредност од 567 илјади денари (околу 9.000 евра).

Осомничената, македонска државјанка која патувала со автобус на релација Истанбул – Тетово, ги сокрила монетите во жолта торбичка во својата чанта, со цел да избегне царинска контрола и да не плати давачки во износ од 149 илјади денари.

Благодарение на брзата реакција на цариниците, криумчарскиот обид бил откриен и спречен навреме, а случајот веднаш бил предаден на Одделението за истраги.

По завршената постапка, против жената е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, а монетите се одземени како доказен материјал.

Царинската управа нагласува дека ќе продолжи со строг надзор и засилени контроли на сите гранични премини со цел заштита на државните финансиски интереси и спречување на нелегална трговија.

Escape