Арбер Адеми од ДУИ соопшти дека изборите во Липково и Пласница завршија уште во првиот круг.
Во Липково, кандидатот Еркан Арифи ја обезбеди победата со убедлив сооднос 3:1, додека во Пласница, кандидатот од ДУИ триумфираше со сооднос 2:1 пред противкандидатот од Турската демократска партија.
Според Адеми, овие резултати ја потврдуваат силната поддршка на граѓаните за ДУИ и нивната способност за стабилно локално управување.