ПРВ.мк
Македонија

Двајца Турци уапсени поради пожар

Двајца Турци уапсени поради пожар

Во скопската населба Горно Нерези вчера попладне избувна пожар кој предизвика паника кај жителите. Според информациите на МВР, двајца турски државјани со привремен престој во Скопје, идентификувани како Џ.К. (50) и А.А. (43), биле лишени од слобода по сомнение дека несакано го предизвикале огнот.

Тие работеле со апарат за заварување на плац во Нерези, кога од искрите се запалила сува трева, а пожарот брзо се проширил надвор од просторот.

Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш реагирала и го ставила огнот под контрола, со што е спречена поголема катастрофа. За среќа, нема повредени лица.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape