ПРВ.мк
Македонија

Гори кај скопскиот Аквадукт: Пожарот под контрола, пожарникарите попречувани при гаснењето

Гори кај скопскиот Аквадукт: Пожарот под контрола, пожарникарите попречувани при гаснењето

Попладнево кај скопскиот Аквадукт, во близина на булеварот „Словенија“, изби пожар кој зафати трева, грмушки и поголема количина ѓубре расфрлано на теренот. На местото на настанот интервенираа екипи од Бригадата за противпожарна заштита со три возила и девет пожарникари, кои успеаја да го стават огнот под контрола. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, очекувањата се дека пожарот ќе биде целосно изгаснат во краток рок.

При гаснењето на пожарот, противпожарните екипи биле попречувани од група лица од една етничка заедница што живее во близина на опожареното подрачје. Поради тоа, била побарана интервенција од полицијата за да се овозможи непречена работа на пожарникарите.

Скопскиот Аквадукт е значаен културно-историски споменик и еден од симболите на градот, па навремената интервенција спречи можни поголеми последици.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape