ПРВ.мк
Македонија

Фатени по пет години: Скопјани продавале канабис во зипер ќеси за 500 денари

Фатени по пет години: Скопјани продавале канабис во зипер ќеси за 500 денари

Двајца скопјани ќе одговараат кривично откако било откриено дека цели пет години одгледувале и продавале канабис во своите дворови. Според информациите од полицијата, Б.А. (42) и Б.А. (40) од село Огњанци набавувале семки од канабис, ги саделе во дворовите на своите куќи, а потоа растенијата ги береле, сушеле и пакувале во зипер ќеси.

Полицијата утврдила дека марихуаната ја продавале на уживатели низ Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.

На 6 септември 2025 година, по судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови. Кај Б.А. (42) биле пронајдени осум стебла канабис и марихуана, додека кај Б.А. (40) полицијата запленила марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Escape