ПРВ.мк
Македонија

Бројот на Македонци кои добиваат бугарски пасош драстично паѓа – еве на кое место сме сега

Бројот на Македонци кои добиваат бугарски пасош драстично паѓа – еве на кое место сме сега

Во последните години, бројот на граѓани на Македонија кои стекнале бугарско државјанство опаднал и сега се на четврто место, покажува извештајот на Комисијата при потпретседателката Илијана Јотова. Минатата година околу 1.700 Македонци добиле бугарски пасош.

Во 2024 година, најмногу државјанства на Бугарија добиле Украинците (2.436), Турците (2.163) и Молдавците (1.887), а веднаш зад Македонците се Албанците со 1.328.

Во првата половина од 2025 година, 6.581 странци стекнале бугарско државјанство, а од 2019 до 30 јуни 2025, вкупно 87.305 странци го добиле тоа државјанство. Поради зголемениот интерес, кон крајот на јуни, Владата во Софија ја зголеми таксата за добивање или обнова на бугарски пасош од 30 на 300 лева (над 150 евра).

Escape