ПРВ.мк
Македонија

Затворено Вардариште: Влада воведе забрана за движење поради опасниот пожар на депонијата

Затворено Вардариште: Влада воведе забрана за движење поради опасниот пожар на депонијата

На денешната 7-ма седница, Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи донесе предлог, кој Владата веднаш го усвои – целосна забрана за движење на територијата на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба.

Мерката е воведена како итен одговор на пожарот кој денови ја зафаќа депонијата и претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и животната средина. За координација на сите активности е назначен првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

Според соопштението, заклучоците се донесени поради зголемени ризици од загадување и последици врз здравјето на населението. Комитетот најави дека будно ќе ја следи состојбата и ќе остане вклучен сè до конечно решение на проблемот, барајќи разбирање и трпение од граѓаните.

Оваа одлука се смета за превентивен чекор за да се минимизираат штетите и да се спречи понатамошна еколошка катастрофа.

Escape