ПРВ.мк
Македонија

ДРЖАВАТА ЌЕ ДЕЛИ ПО 3.000 ДЕНАРИ СЕКОЈ МЕСЕЦ: Оваа група граѓани ќе добива директна финансиска помош!

ДРЖАВАТА ЌЕ ДЕЛИ ПО 3.000 ДЕНАРИ СЕКОЈ МЕСЕЦ: Оваа група граѓани ќе добива директна финансиска помош!

Собранието го усвои новиот Закон за додатоци за млади, со кој официјално се воведува мерка за финансиска поддршка на младите работници. Според најавите од Министерството за економија и труд, станува збор за месечен паричен додаток кој треба да го поттикне вработувањето на младите во реалниот сектор и да им помогне полесно да останат на пазарот на трудот.

Со новото законско решение, дел од младите граѓани ќе добиваат по 3.000 денари секој месец директно на својата трансакциска сметка. Мерката е насочена кон младите кои работат во производствени дејности, а властите очекуваат таа да придонесе за поголем интерес за работа во овој сектор.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши објасни дека законот прецизно ги дефинира условите и постапката преку која младите ќе можат да го остварат правото на финансиска помош.

Според предвидените услови, право на додаток ќе имаат младите лица кои се на возраст до 23 години и кои се вработени во производствени дејности. Исплатата ќе се реализира преку Агенцијата за вработување, а средствата ќе бидат обезбедени од државниот Буџет.

Парите ќе се исплаќаат директно на личните трансакциски сметки на младите осигуреници, што значи дека корисниците нема да имаат дополнителни административни процедури за подигнување на средствата.

Од Министерството посочуваат дека целта на оваа мерка не е само краткорочна финансиска помош, туку и создавање услови младите да останат активни на домашниот пазар на труд. Властите сметаат дека преку дополнителна поддршка може да се зголеми интересот за работа во производството, сектор кој со години се соочува со недостиг од работна сила.

Министерот Дурмиши истакна дека идејата е младите луѓе да добијат мотив повеќе својата професионална иднина да ја градат токму во производствените дејности, а истовремено да се подобри и нивната економска состојба.

„Целта на овој закон е поттикнување на младите да се вклучат на пазарот на трудот во производствени дејности, а преку финансиска поддршка да се обезбеди подолгорочно вработување и подобрување на нивната економска состојба“, порача министерот.

Најнови вести