ПРВ.мк
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО БАГАЖ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Уапсен 38-годишник на влез во Македонија!

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО БАГАЖ НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН: Уапсен 38-годишник на влез во Македонија!

Полициските службеници на граничниот премин Делчево лишиле од слобода 38-годишен државјанин на Романија, откако при контрола на неговиот багаж била пронајдена дрога. Случајот се случил вчера вечерта, на влез во Македонија, а пронајдените супстанции веднаш биле одземени од страна на полицијата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 29 октомври, во 23:30 часот, на Граничниот премин Делчево, полициски службеници од граничниот премин при Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода 38-годишниот П.Л.О. од Романија.

При извршениот преглед на неговиот багаж, полицајците пронашле две тегли со марихуана, како и ЛСД. Пронајдените супстанции биле одземени и ќе бидат предмет на понатамошна постапка.

По приведувањето, романскиот државјанин бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен и надлежен јавен обвинител.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настанот против 38-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.