ПРВ.мк
Македонија

ДРАМАТИЧНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Полицијата морала и да пука!

ДРАМАТИЧНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Полицијата морала и да пука!

Полициска акција на потегот меѓу битолските села Лажец и Граешница резултирала со откривање на поголема количина марихуана, откако лице кое било забележано од полициски службеници се дало во бегство и зад себе оставило торби со дрога.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 јуни околу 18:45 часот, полициски службеници од СВР Битола извршувале службени активности на терен кога забележале лице на кое му била издадена усна наредба да застане. Наместо да постапи по наредбата, лицето почнало да бега.

Во обид да го запрат и предупредат бегалецот, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух. Сепак, и покрај тоа, лицето не застанало и продолжило да се оддалечува од местото.

Додека бегало, лицето фрлило торба, а потоа успеало да избега и да се изгуби од видното поле на полицијата. По преземените активности и деталното пребарување на теренот, полициските службеници пронашле вкупно три торби.

При нивниот преглед било утврдено дека во нив се наоѓале 46 пакувања со марихуана. Пронајдената дрога е одземена, а случајот е предмет на понатамошна истрага.

Од МВР информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за утврдување на идентитетот на лицето кое избегало, негово пронаоѓање и целосно расчистување на сите околности поврзани со случајот.

Најнови вести