ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО ПОЛИЦИЈА: Суспендирана полицајка, брутално малтретирала колешка!

ДРАМА ВО ПОЛИЦИЈА: Суспендирана полицајка, брутално малтретирала колешка!
Kristal

МВР поднесе кривична пријава против полицајка од Кочани за сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, според член 140 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип, на 13 септември 2025 година на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР. Според податоците на Одделот, Ј.Н. „насилно ја внела во возило ‘БМВ’, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење“.

Внатрешната контрола утврди дека постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила ова кривично дело.

Дополнително, Одделот ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ѝ е изречена суспензија од работното место до завршување на постапката.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo