ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Поранешниот партнер и упаднал во домот, ја истепал, па го нападнал дечко и со електрошок!

ДРАМА ВО МАКЕДОНИЈА: Поранешниот партнер и упаднал во домот, ја истепал, па го нападнал дечко и со електрошок!
Kristal

Поранешен партнер упаднал во домот на 23-годишна велешанка и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер, по што во нападот се вклучиле уште две лица кои употребиле електрошок и тврд предмет.

На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна девојка од Велес пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје, нејзин поранешен партнер, кој физички ја нападнал неа и нејзиното сегашно 24-годишно момче.

Според пријавата, со него дошле и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои исто така го нападнале нејзиниот партнер. При нападот употребиле електрошок и тврд предмет.

По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., по што биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo