ПРВ.мк
Македонија

Доцентка од Штип осомничена за поткуп – барала 300 евра за да му стави шестка на студент

Доцентка од Штип осомничена за поткуп – барала 300 евра за да му стави шестка на студент

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истражна постапка против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“, која е осомничена за кривичното дело примање поткуп.

Според Обвинителството, осомничената, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно побарала 300 евра од студент за да му запише преодна оценка шестка на испитот.

Како што се наведува, таа му кажала на студентот парите да ги остави на помошната маса во нејзиниот кабинет, по што требало да ја изврши услугата што не смеела да ја направи во рамките на своите службени овластувања.

По обезбедените докази, Основното јавно обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против доцентката, која е осомничена за кривичното дело примање поткуп. Надлежните институции продолжуваат со преземање на сите потребни дејствија за целосно расчистување на случајот.