ПРВ.мк
Македонија

ДОЛГОГОДИШНО НАСИЛСТВО: Жена пријавила партнер, при полициска акција откриено и оружје во домот!

ДОЛГОГОДИШНО НАСИЛСТВО: Жена пријавила партнер, при полициска акција откриено и оружје во домот!

Дваесет и двегодишна жена од Гостивар во четвртокот во ОВР Гостивар пријавила дека подолг временски период била изложена на физичко и психичко насилство од страна на нејзиниот партнер Б.И. од истиот град.

Според нејзината пријава, насилството траело со години, а таа навела дека пред три години партнерот ѝ нанел тешка телесна повреда. Дополнително, на 18 јуни оваа година, според наводите, повторно била физички нападната и биле упатени сериозни закани кон неа и кон нејзин пријател.

По добивање судска наредба, полициските службеници извршиле претрес во домот на пријавениот. При акцијата била пронајдена ловечка пушка, која, според информациите, потекнувала од неговиот починат татко и била чувана со соодветна дозвола.

Случајот веднаш бил пријавен во надлежните институции, а од СВР Тетово информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. Истражните органи работат на утврдување на сите околности поврзани со пријавеното насилство и евентуалните законски прекршувања.

Најнови вести