ПРВ.мк

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче
Jumbo Banner

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, а големите задолжувања за инфраструктурни проекти го оптоваруваат идниот развој на државата, смета лидерот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче.

Филипче вели дека економијата се соочува со зголемени трошоци за живот и, исто така, предупреди дека владината коалиција е во процес на распаѓање, а резултатот на локалните избори ќе го одредат граѓаните.

На денешната прес-конференција во Социјалдемократскиот сојуз, Филипче искажа критики за најавениот договор за заем со Владата на Обединетото Кралство, истакнувајќи дека јавноста и политичките субјекти немаат доволно детали за ваков значаен финансиски аранжман.

– Владата има обврска да ги објави сите информации. Апсолутно го поддржуваме договорот за стратешка соработка, но начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска – изјави Филипче.

Тој смета дека наместо да го блокира патот кон Европската Унија, Владата треба да ги искористи можностите кои ги нуди ЕУ, како што се неповратните грантови.

Според него, големиот кредит за брзата железница север-југ, иако потребен за државата, отвора прашање за неговиот приоритет.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран