ПРВ.мк

Откриени најголемите резерви на злато, сребро и бакар во светот: Една држава ја очекува “рударски” бум

Откриени најголемите резерви на злато, сребро и бакар во светот: Една држава ја очекува “рударски” бум
Jumbo Banner

Рударските компании „BHP“ и „Lundin Mining“ го објавија своето најголемо откритие во последните три децении – наоѓалиште со најголемите светски резерви на злато, сребро и бакар, лоцирано во покраината Сан Хуан во Аргентина.

Ова значајно откритие доаѓа во време кога Аргентина го гледа рударството како клучен двигател на економскиот раст и извозниот капацитет, особено во услови на економска нестабилност.

Според проценките, врвот на експлоатација на минералите се очекува до 2028 година, а самата земја има амбиција до крајот на следната деценија да се позиционира меѓу првите 10 најголеми светски производители на бакар.

Во 2024 година, Чиле, кој ја дели Андската планина со Аргентина, извезе бакар во вредност од околу 50 милиони долари, што е речиси еднакво на целокупниот агроиндустриски извоз на Аргентина, според податоците на аргентинскиот дневен весник Clarin.

Со новото наоѓалиште, се очекуваат значителни инвестиции и девизни приливи, што дополнително ќе го зајакне потенцијалот на земјата како рударска сила на глобалната сцена.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран