ПРВ.мк

Заменик министерот поднесе неотповиклива оставка

Заменик министерот  поднесе неотповиклива оставка
Jumbo Banner

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, Флакрон Беџети си поднесе оставка од функцијата.

Оставката ја најави преку својот профил каде објави фотографија.

„Денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија. Тоа беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, за да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство. Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонев на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро. Оваа задача ми овозможи да запознаам добри луѓе, пред сè земјоделци и сточари, едноставни, но чистосрдечни луѓе со кои, колку и да малку верувам, останав близок за време на вршењето на мојата должност“, напиша тој.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран