ПРВ.мк

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд
Jumbo Banner

Утре не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Утринските температури ќе се движат од 4 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 20 до 28 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а кон вечерните часови се очекува зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од среда следува период на променливо облачно и топло време со сончеви интервали. Во попладневните часови ќе има зголемена нестабилност, со локални поројни дождови и грмежи. На одредени места се можни и краткотрајни невремиња, проследени со засилен ветер и изолирана појава на град.

До петок температурите ќе бидат во постепен пораст, но за време на викендот се очекува благ пад на дневните температури.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран