ПРВ.мк

К-15 испишаа историја: Три дена по ред ја наполнија Арената “Борис Трајковски” и ги оставија Македонците во солзи

К-15 испишаа историја: Три дена по ред ја наполнија Арената “Борис Трајковски” и ги оставија Македонците во солзи
Jumbo Banner

Хумористичното три “К-15”, со три огромни јавни настани одржани во Арената “Борис Трајковски” прославија 30 години од нивното постоење во етерот и притоа создадоа историја кога е хуморот и сатирата во прашање.

Арената сите три дена беше дури тесна за да ги собере сите нивни обожаватели од 9 до 99 години кои дојдоа да ги поддржат, да прослават голем јубилеј и по големата пауза конечно повторно да ги видат нивните омилени скечеви во живо, но и да видат што ново тие подготвија специјално за оваа прилика.

Шоуто траеше три часа, а граѓаните буквално во солзи се смееја на секоја реплика, видео или изведена песна.

На сцената со нив беше и диригентот Џијан Емин, со цел оркестар, со кого Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров пред публиката ги изведоа нивните најпознати песни како “Градинарот”, “Ногу љубам да веслам”, “Шуруп”… а на сцената се појавија речиси сите ликови кои тие ги глумат.

Во видоизменате форма познатиот темпераментен Цацко Конопишки ја изведе и ” Ти си некаде”, раскажа како на брат му му ја скршиле кичмата и до солзи повторно ја насмеа целата публика, Миле Паника пак се врати во времето кога беше најдобар кошаркар во цело Скопје, Тошо Малерот повторно ни пренесе некој совет како “да се пегла” и како “да се фати женска”, Ристо не потсети што значи да се биде “Сељак на годината” и колку “книги” треба да се прочитаат, а настапот го завршија со една културна манифестација наречена “Струшките вечери на поезијата”, каде повторно “тегет чорапата” беше главна тема.

Публиката по три часа беше желна за уште смеа и сатира, со громогласен повеќеминутен аплауз ги испратија од сцената легендарните К-15, но во домовите си заминаа задоволни и исполнети со многу позитивна енергија која и тоа како недостасува во Македонија.

Триото вети повторна средба во наредна прилика, додека публиката со аплауз им порача дека недостасуваат во етерот и сакаат уште!

Извор: 24инфо.мк

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран