Кичевската организација на Алијансата за Албанците (АА) соопшти дека се приклучува на политичката насока што ја следи Арбен Фетаи, отфрлајќи ја неодамнешната одлука на раководството на партијата, која, како што наведуваат, е „неаргументирана и во спротивност со политичката визија на АА“.
Во јавната изјава, мнозинството членови на кичевската организација и членови на Централното собрание на АА најавуваат дека на претстојните локални избори ќе настапат со заедничка листа во рамките на коалицијата ВЛЕН, со цел – како што истакнуваат – „фактоpизирање на албанскиот глас и почитување на мобилизацијата на дијаспората“.
„Организацијата на АА од Кичево останува верна на принципите, заложбите и обврските преземени на последните парламентарни избори. Продолжуваме по патот на Арбен Фетаи и се дистанцираме од конфузните ставови на актуелниот претседател на партијата, кои се спротивни на ветеното пред народот,“ се наведува во соопштението.
Тие упатуваат јавен повик до сите членови, функционери, пратеници и симпатизери на АА да ја поддржат оваа насока и „со решителност, доверба и храброст“ да ги исполнат дадените ветувања кон гласачите.