Утре, на 20 мај, на градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи настан по повод одбележувањето на Денот на пожарникарите. Манифестацијата ќе трае од 10:00 до 12:00 часот и е организирана со цел да се изрази признание за храброста и посветеноста на пожарникарите, како и да се подигне јавната свест за нивната улога во општеството.
Настанот ќе вклучува презентација на опрема, демонстрации на интервенции и едукативни активности за граѓаните, особено за најмладите, кои ќе имаат можност одблизу да се запознаат со работата на пожарникарите.
Од ТППЕ Тетово ги повикуваат граѓаните да присуствуваат и да ја искажат својата поддршка кон овие херои кои секојдневно се грижат за нашата безбедност.