ПРВ.мк

Ѓорѓиевски: Со заеднички пристап градиме посилни и пофункционални општини

Ѓорѓиевски: Со заеднички пристап градиме посилни и пофункционални општини
Jumbo Banner

Денеска се одржа 28-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се дискутираше за клучни прашања од значење за општините и унапредување на локалната самоуправа. Според претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, седницата потврдила дека отворениот дијалог, соработката и размената на искуства се темел за ефикасно справување со предизвиците на општините.

На дневен ред беа повеќе точки, меѓу кои предлог-извештаите за финансиското, наративното и ревизорското работење на ЗЕЛС за 2024 година, како и измените и дополнувањата на буџетот и Планот за јавни набавки за 2025 година. Седницата исто така ја отвори и темата за нови меморандуми за соработка со релевантни партнери, како и предложените измени на Законот за урбано зеленило.

Дополнително, беше договорено и закажување на Осмата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС.

„Континуираното функционирање на ЗЕЛС како заедничка платформа на сите општини е од клучно значење. Ваквите средби носат конкретни заклучоци и насоки за делување, а преку заеднички пристап продолжуваме да градиме посилни и пофункционални општини за сите наши граѓани,“ изјави Ѓорѓиевски.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран