ПРВ.мк

300 милиони се сепак премногу: Ново разочарување за навивачите на Манчестер Сити

300 милиони се сепак премногу: Ново разочарување за навивачите на Манчестер Сити
Jumbo Banner

Манчестер Сити се повлекува од трансферот на Флоријан Вирц

Манчестер Сити дефинитивно одлучи да се повлече од трансферот на фудбалерот Флоријан Вирц, откако проценија дека сумата која треба да се инвестира во неговото доведување е премногу висока.

Според информации, вкупниот трошок за трансферот на Вирц би достигнал околу 300 милиони евра, што не вклучува само отштетата за клубот, туку и повеќегодишната плата на фудбалерот и провизиите за неговите агенти. Во Манчестер Сити сметаат дека оваа сума е пренапумпана и решија да не се вклучуваат во лицитација со други клубови. Наместо тоа, нивното внимание ќе се насочи кон други фудбалери.

Оваа одлука не им се допаѓа на челниците на Баер Леверкузен, кои се надеваа дека ќе може да остварат голем профит поради огромниот интерес за Вирц. Како главен конкурент за неговиот потпис останува Ливерпул, но не се исклучува и можноста младата ѕвезда да заврши во Реал Мадрид, каде што се поврзува со можниот трансфер заедно со Чаби Алонсо.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран