ПРВ.мк

Коњановски: Битола ја потврди улогата на ракометен центар

Коњановски: Битола ја потврди улогата на ракометен центар
Jumbo Banner

Изминатиот викенд, Битола беше центарот на младинскиот ракомет во Македонија, откако спортската сала „Боро Чурлевски“ го пречека Ф4 завршниот турнир во пионерска конкуренција. Младите ракометари од РК Еурофарм Пелистер го освоија второто место, додека титулата шампион замина во рацете на тимот на ГРК Охрид. Бронзата им припадна на РК Вардар 1961, а четвртото место го освои РК Алкалоид од Скопје.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, не го криеше задоволството што токму неговиот град беше домаќин на ваков значаен спортски настан.

„Спортот е нашиот најголем амбасадор. Вложувањето и посветеноста вродуваат со плод, а ова Ф4 е доказ за тоа. Во Битола гледавме квалитетен ракомет и идни македонски ракометни ѕвезди – наследниците на сегашните и поранешните легенди“, изјави Коњановски.

Тој им честиташе на сите учесници и нагласи дека исполнетата сала и ентузијазмот кај младите се показател дека ракометна Македонија има светла иднина.

„Горд сум што Битола повторно покажа дека е спортски град, особено кога станува збор за ракометот. Ова е само поттик да продолжиме со уште поголема поддршка за младите таленти“, додаде градоначалникот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран