Барселона подготвува “подарок од соништата” за Ламин Јамал – легендарната „десетка“
Еден од најперспективните фудбалери на Барселона, Ламин Јамал, блеска во дресот на каталонскиот гигант оваа сезона и наскоро ќе го прослави својот 18. роденден. По тој повод, клубот подготвува вистински “подарок од соништата” – легендарниот дрес со број 10, што некогаш го носеше Лионел Меси.
По заминувањето на Меси, дресот го доби Ансу Фати, кој не ги оправда очекувањата. Сега, раководството на Барселона верува дека токму Јамал е достоен наследник на симболичниот број.
Младиот фудбалер, кој оваа сезона импресионира со зрелост и вештини на теренот, наскоро ќе потпише нов повеќегодишен договор со клубот. Според шпанските медиуми, во договорот ќе биде вметната и астрономска откупна клаузула од една милијарда евра – чекор со кој Барселона има намера да го заштити својот скапоцен талент од интересот на европските гиганти.
Со новиот договор и новиот дрес, Ламин Јамал ќе стане не само иднината, туку и едно од главните лица на Барселона во сезоните што следат.