ПРВ.мк

Европската комисија предвидува раст на македонската економија од 3 отсто

Европската комисија предвидува раст на македонската економија од 3 отсто
Jumbo Banner

Според Комисијата, најголем економски раст во 2025 во регионот ќе има Албанија, 3,6 проценти

Европската комисија предвидува дека економијата на Македонија во 2025 година ќе порасне за 3 отсто, што ја става во средина меѓу земјите од Западен Балкан.

Тоа се наведува во пролетните економски прогнози на Европската комисија објавени денес. Во делот за македонија стои дека растот на БДП се забрза во 2024 година, поттикнат од инвестициите и јавната потрошувачка. Вкупната инфлација продолжи да опаѓа, но сепак повторно порасна кон крајот на годината, главно поради базните ефекти. Се предвидува дека растот постепено ќе се забрзува, поддржан од голем проект за јавна инфраструктура и од потрошувачката на домаќинствата, која има корист од силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата.

Фискалниот дефицит се покажа помал во 2024 година од ревидираната цел на владата, делумно бидејќи капиталните расходи повторно беа недоволно имплементирани. Домашната побарувачка ќе остане единствен двигател на растот. Реалниот БДП се зголеми за 2,8% во 2024 година. Растот беше поттикнат од инвестициите и од јавната потрошувачка, при што второто делумно одразува силен пораст на платите во јавниот сектор. Иако поддржан од зголемувањето на реалните приходи, растот на потрошувачката на домаќинствата остана пригушен.

Според извештајот, Ризиците за изгледите за раст произлегуваат од послабата домашна побарувачка од очекуваната. Потрошувачката на домаќинствата може да биде намалена од одржливата инфлација и попригушените изгледи за вработување поради високиот раст на платите. Со оглед на недостатокот на значителен напредок во подобрувањето на управувањето со јавните инвестиции, проектот за патниот коридор 8/10d би можел да се соочи со ризици од имплементација. Од друга страна, структурните реформи, поттикнати од Планот за раст на ЕУ, би можеле да ја зголемат продуктивноста и растот.

Светска банка предвиде дека Македонија ќе има раст од 2,6 отсто во 2025, додека прогнозата на ММФ е 3,2 проценти.

Од регионот се предвидува дека Албанија ќе има најголем пораст на БДП – 3,6 проценти. За Србија се предвидува пораст од 3,2 отсто. Црногорската економија треба да порасне исто колу македонската – три отсто, економијата на Босна и Херцеговина два проценти. Косово не е наведено меѓу прогнозите.

За 2026 година, Комисијата предвидува раст од 3,5 проценти за Албанија, 3,2 проценти за Црна Гора, 2,3 проценти за Босна и Херцеговина и 3,1 процент за Македонија.

Во 27 земји-членки на ЕУ, Комисијата очекува раст на БДП од 1,1 процент во 2025 година и 0,9 проценти во еврозоната, што е на нивото од 2024 година.

Следната година, растот треба да се зајакне на 1,5 проценти во ЕУ и 1,4 проценти во еврозоната.

Како ризици за економскиот раст на ЕУ, Комисијата наведе дека понатамошната фрагментација на светската трговија би можела да го намали растот на БДП и повторно да воведе инфлаторни притисоци. Ризик за растот би можеле да бидат и катастрофите предизвикани од климатските промени, кои стануваат сè почести.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран